Одложувањето на ЛОИ во Токио за една година ќе ги чинат организаторите дополнителни 2.7 милијарди долари и ќе бидат вторите најскапи во историјата на спортот.

Јапонија за организација на ЛОИ во Токио 2021 ќе потроши вкупно 15.3 милијади долари, зимските игри во Сочи 2014 година ја чинеа Русија 21.9 милијарди.

Пресметките на Јапонија беа дека ЛОИ ќе чинат околу 12.6 милијарди долари но оваа проекција не се оствари, тие ќе бидат поскапи речиси 3 милијарди долари.