Летните Олимписки игри во 2024 година кои ќе се одржат во Париз ќе добијат четири нови спортови. Интернационалниот олимписки комитет одлучи во програмата на Летните Олимписките Игри да ги вметне спортското качување, сурфањето, скејбординг и брејкденс.

– Овие спортови се во духот на „Олимписката агенда 2020“ бидејќи допринесуваат програмата да биде балансирана и урбана. Покрај тоа нудат можност Олимписките игри да се поврзат со младите генерации. Со нивното воведување во програмата, Париз 2024 ќе добие динамичен концепт, фокусиран на инклузивност и инспирирање на нова публика – изјави Томас Бах, претседателот на Интернационалниот олимпики комитет.