Организаторите на ЛОИ од поодамна ја соопштија одлуката дека нема да има можност за присуство на навивачи од други земји  на игрите во Токио кои на програмата се од 23. јули до 8. август, меѓутоа сеуште не се знае дали Јапонците ќе може да присуствуваат на игрите.

Одлуката околу публика на борилиштата ќе биде донесена во јуни, односно еден месец пред почетокот на игрите и свеченото отворање, соопштија денес организаторите.

Јапонија во последните недели бележи се поголем број на заразени со коронавирус, но сепак ситуацијата се уште е стабилна за разлика од поголемиот дел од светот.