Дванаесет нови случаи на инфекција со коронавирус беа идентификувани на Летните олимписки игри во Токио, објави прес-службата на ИОК.

Двајца од заразените се спортисти кои се сместени во Oлимпиското село, алармот е вклучен,  другите десет се работници поврзани со организацијата и службени лица.

Реакција и од таборот на данските ракометари, сметаат дека организацијата е лоша, реагираше селектрот Јакобсен.

„Ова не излгеда добро,  не гледаме смисла во одржување на Игрите под вакви услови. Мој вшечаток е дека сето ова е направено само за луѓе надвор од спортот, на штета на спортистите. “  – изјави Јакобсен.

Олимписките игри ќе започнат утре и ќе траат до 8 август.