Ковид-19 пандемијата продолжува да прави проблеми на ЛОИ во Јапонија. Организаторот на игрите потврди 24 нови позитивни случаи на коронавирус, што е најголем дневен пораст на заразени откако домаќините почнаа да објавуваат податоци на 1 јуни.

Меѓу 24-те нови случаи, тројца се спортисти, чии идентитет не е наведен. Досега коронавирусот е потврден кај вкупно 20 натпреварувачи на Олимписките игри.

Две лица од странските делегации, кои присуствувале на церемонијата на отворањето на Игрите, на 23 јули, се хоспитализирани, но и двајцата се со полесна клиничка слика.

Вкупниот број на позитивни случаи на Ковид-19 од 1 јуни се искачи на вкупно 193, соопштија олимписките организатори.