Претседателот на Олимпискиот комитет на Италија, Џовани Малаго изјави дека малку се срами што се занимава со прашања околу спортот кога државата е во голем проблем поради коронавирусот.

„Постојав многу поважни работи од фудбалот. Знам дека за многу е проблем да се навикнат дека нема спортски настани, но најважно е здравјето на луѓето. Малку ми е срам да се занимавам со такви работи“- изјави Малаго за „Газета дело спорт“.

Италија е земјата со најголем број на жртви и заразени во Европа од вирусот ковид-19.