Во пресрет на претстојните олимписки квалификации, македонската Теквондо Федерација информираше за успесите и квалификациите кои претстојат.

Имено, тие во своето соопштение, велат дека со оглед на успесите од минатото, можно е освојување на олимписка норма.

 

„Во Софија од 7 до 9ти Мај се одржуваат квалификации за олимписките игри во Токио, од секоја категорија само двајцата финалисти обезбедуваат олимписка норма и патуваат за Токио.

Македонската делегација е предводена од селектрот д-р Борче Костовски и помошниот тренер Дарко Костовски.

Репрезентативците кои ќе настапат на пвие олимписки квалификации се:

Дејан Георгиевски категорија +80кг тој е сениорски европски шампион во 2017 година, и носител на сребрен медал од европско првенство во 2020 година.

Филип Додевски категорија -80кг тој е европски шампион на европско клубско првенство во 2018 година и бронзен медалист од европско првенство до 21 година во 2019 година.

Анамарија Георгиевска категорија -67 таа е бронзен медалист од светско јуниорско првенство во 2018 година.

Конкуренцијата е пеколна, кај Георгиевски се актуелниот олимписки шампион Радик Исаев од Азербејџан, поранешниот светски шампион Арман Сила од Белорусија. Кај Додевски во конкуренција е актуелниот светски Шампион Симеоне Алесио од Италија.

Сепак нашиот репрезентативен тим е високо квалитетен и докажан, врвните резулати во овој олимписки спорт кои ги постигнавме во минатото ни дава за право да се бориме за олимписка норма и вистински да ја израдуваме македонската јавност.

Нашите репрезентативци се чуствуваат одлично, имавме подготовки интезивни 6 месеци со посебен фокус на овие олимписки квалификации.

Филип Додевски и Анамарија Георгиевска ќе настапат на 07.05.2021 – Петок додека Дејан Георгиевски ќе настапи на 08.05.2021 – Сабота.

Тука дојдовме по успех, со Господ напред“, се вели во соопштението од Теквондо федерацијата.