Македонскиот олимиски комитет (МОК) денеска треба да добие нов претседател на местото на Васил Тупурковски, кој на оваа должност е од 1992 година.

Наследникот на Тупурковски ќе биде избран на редовното изборно Собрание, а кандидат остана само еден,  поранешниот долгогодишен претседател на Кошаркарската федерација Даниел Димевски.

Дали ова Собрание ќе биде нелегитимно ќе покаже развојот на настаните вечерва во 18 часот, кандидатурата на актуелниот претседател на Атлетската федерација Александра Војнеска Зикова во последен момент е одбиена, образложението на Управниот одбор на МОК беше дека кандидатот за претседател морал да има стаж од најмалку четири години како „функционер“.

Александра Војнеска Зикова една година е претседател на атлетската федерација, претходно беше потпретседател. Одлуката за „елиминација“ во најмала рака е проблематична ако не и скандалозна, неколкудена по поднесената кандидатура не беше регистриран никаков проблем, беа потврдени кандидатурите на двајцата кандидати, на помалку од 24 часа од одржувањето на изборното Собрание, стигна одлуката за исклучување од трката на Војнеска Зикова.

Се чини дека наследникот на Васил Тупурковски ќе биде добиен на „бурно“ изборно Собрание, групата која лобира за Војнеска Зикова не с еоткажува од „борбата“ за претседател и најави дека ќе ја оспори оваа одлука на УО на МОК.