Македонскиот олимписки комитет од денеска потпиша четиригодишен спонзорски договор со турската модна компанија Кигили која е спонзор на голем број екипи во Турција но и во Европа.

Договорот го потпишаа претседателот на МОК Даниел Димевски и главниот извршен директор на компанијата Кигили , Хилал Суердем.

„Бидејќи прво ќе се потсетиме дека на денешен ден пред 10 години Македонија ја победи Литванија во исторскиот натпревар, еве денеска судбината сакаше МОК да потпише договор со фирмата Кигили од Турција на 4 години. Кигили ќе се грижи за облеката и имиџот за олимпискиот комитет во целост како организација и за спортистите“- изјави  првиот човек на МОК при потпишувањето на договорот. 

 

„Нашата долгогодишна поддршка на спортот особено ја зголемивме во последните две години. И во Турција, но и во странство станавме и стануваме спонзори на важни клубови и спортски организации. Посакуваме да бидеме сведоци на успесите на македонските спортисти и да ја споделиме нивната радост, а нивните успеси да бидат редовни и долгогодишни, изјави на денешната прес-конференција во Скопје првиот човек на „Кигили“,“ Суредем.