Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах ја отфрли секоја можност Олимписките игри во Токио да бидат откажани и покрај противењето на најголемиот број Јапонци кои стравуваат од ширење на коронавирусот.

Бах денеска, во рамки на тридневните виртуелни состаноци, понуди дополнителен број медицински персонал како помош за претстојните Олимписки игри кои почнуваат на 23 јули. Медицинските лица би биле распределени во олимпиското село и на спортските борилишта.

„Од очигледни причини не можеме на спортистите да им го пружиме секој детал, но треба јасно да се знае дека Олимпиското село е безбедно место и Олимписките и Параолимписките игри ќе бидат организирани на безбеден начин.“ – нагласи Бах.

Организаторите, пак, посочуваат дека за Игрите ќе бидат потребни околу 10.000 медицински лица и побараа дополнителни 500 медицински сетри и 200 специјалисти по спортска медицина.

На странските навивачи им е забрането доаѓање на Олимписките игри, а идниот месец ќе биде познато дали ќе се дозволи присуство на домашните навивачи. На Игрите се очекуваат околу 15.000 натпреварувачи со десетина илјади тренери, спонзори, медиуми, официјални лица.