Во Лозана, Швајцарија, во седиштето на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), генералниот секретар на Македонскиот олимписки комитет (МОК), д-р Сашо Поповски и спортскиот директор Владимир Богоевски остварија средба со врвот на ИОК.

Главна тема на разговорите беше координација на идните заеднички активности на МОК и ИОК, за што МОК, во сите насоки и за сите активности доби безрезервна поддршка од страна на ИОК.