Македонскиот олимпски комитет со статус на официјална фејсбук страна излезе со став по однос на успехот на Дејан Георгиевски на ЛОИ во Токио.

Од Мок се пресреќни за освоениот сребрен медал честитајќи му на нашиот репрезентативец и на неговиот тим.

„Дејан Георгиевски, новиот македонски херој е освојувач на сребрен Олимписки медал од Олимписките игри Токио 2020

Најголемиот Олимписки и спортски успех во македонската спортска историја, од независноста на нашата држава!

Честитки и за тренерот на Дејан, Борче Костовски кој извонредно ја постави тактиката на Дејан за да стигне до финалето на Олимписките игри!

Македонскиот народ мора да се гордее со Дејан, новиот македонски спортски херој, кој веруваме дека ќе има пречек каков што заслужува Олимпискиот шампион!

Браво Дејан!

Браво Борче!

Браво Дарко!

Браво за сите од Македонското Таеквондо семејство!

Радувајте се Македонци!

Златното момче македонче, се спрема за Олимписките игри ПАРИЗ 2024 и за уште многу други Олимписки и спортски предизвици, нови радости и уште многу Олимписки, Светски и Европски медали!

Дејан, горди сме на тебе, горди сме што живееме во твојата Олимписка ера!“