Шерика Џексон е трагичарот на  денешниот натпреварувачки ден  на Олимпијадата.

Јамајканската атлетичарка остана без полуфинале на 200 метри по неверојатен гаф.

Непосредно пред да влезе во финишот, таа имаше позиција што ја води до полуфиналето, но таа толку забави и почна практично да џогира, што нејзините ривали ја престигнаа. Таа заврши на четвртото место во својата група, а тројцата првопласирани спортисти одат во финалето.

Меѓу нив ќе беше и  Џексон само доколку продолжеше да трча на крајот од трката.

“Очигледно таа погрешно ја процени ситуацијата и ја плати цената. Но, таа ќе научи”, вели Стивен Френсис, тренер на спринтерката од Јамајка.

Џексон беше фаворит за медал, оваа година го имаше третото најдобро време на 200 метри.