Германскиот велосипедист Симон Гешке бил позитивен на тестирање за ковид 19 и нема да може да учествува на саботката улична трка на Олимписките игри во Токио, објави олимпискиот одбор на Германија.

Гешке ќе мора во изолација, а останатите 12 членови на велосипедската репрезентација, меѓу кои и тројца натпреварувачи, кои биле негативни на тестирањето, ќе можат да учестувват во траката.

Речиси сто лица лица досега се позитивни внатре во олимпискот балон, а најголем дел од нив се службени лица.