Организаторот на Летните Олимписки игри во Токио потврди дека поради протоколот за заштита од Ковид-19, на најголемиот спортски настан оваа година, нема да биде дозволено присуство на странски навивачи. Ова важи и за Параолимписките игри.

Потврдено е дека на сите лица кои веќе купиле билети ќе им бидат вратени парите.

Игрите во Јапонија се очекува да се одржат од 23 јуни до 8 август ова лето.