Организациониот комитет на Олимписките игри во Токио соопшти дека утринава е потврден уште 21 нов случај на ковид 19 кој има врска со игрите, но меѓу нив нема спортисти.

Со тоа бројот на заразени во текот на Олимписките игри се качи на 241. Претежно станува збор за официјални лица вклучени во организацијата на игрите, соопшти комитетот, додавајќи дека никој заболените не бил во олимпиското село.

Во соопштението се додава дека до четвртокот во Јапонија пристигнале 40.558 лица, кои на некој начин присуствуваат на Олимписките игри.