Актуелната олимписка шампионка во фрлање диск, Хрватката Сандра Перковиќ, со леснотија се пласираше во финале, но имаше што да им порача на организаторите на атлетскиот дел од натпреварувањето во Токио.

„Имаме ужасни услови овде. Стадионот за тренинг има само еден круг за кладиво и диск, а овде има 32 девојки кои се натпреваруваат во диск категоријата, исто толку и мажи, па иста бројка луѓе и во кладиво, значи вкупно околу 130 фрлачи на диск користат само еден круг! А уште па понекогаш во нашите термини уфрлуваат и фрлачи на копје“– открива таа.

Се жали дека во такви услови е тешко да се подготвите, едноставно нема доволно простор и време за трениг.

„Последниот тренинг пред квалификациите го почнав во 9:30, само побрзавме да дојде што порано и фрлав до 11:47, значи два часа и 17 минут. И во тоа време успеа да фрлам дискови, со што фрлав три серии во две и за седмиот се бутнав“– открива Перковиќ и кажа дека поради недостатокот на тренинг фрлала три серии во квалификациите, иако веднаш ја префрлила нормата.

Сепак, ситуацијата не е иста за сите, затоа што на некои се им е дозволено.

„А да биде работата уште полоша, сите овде во Олимпиското село имаме забрана за движење, секое утро тестирања на Ковид 19 и уше 101 работа, но затоа Американците имаат свој стадион на кој можат да одат и до кој имаат службен превоз. Така што можат убаво да одат на тренинзи, во мира да фрлаат колку и да сакаат, без стрес и МОК тоа им го допушта. А колку што знам, во олимпискиот дух е сите да сме сместени во исто село, сите да јадеме иста храна, да се бориме на истото борилиште“– заклучува лутата Сандра Перковиќ.