Гувернерката на Токио, Јурико Коике ја потврди својата одлука според која Олимписките игри ќе се одржат во 2021 година. Ова доаѓа и покрај зголемувањето на бројот на заразени со Ковид-19.

Во Јапонија, повеќе од 2.000 луѓе беа заразени секој ден во текот на изминатиот месец, но јапонската Влада работи на усогласување на превентивните мерки со деловните активности, така што економијата да не биде дополнително погодена.

„Како град домаќин, решени сме да ги одржиме Олимписките игри по секоја цена.“– изјави Коике.

Од почетокот на пандемијата во Јапонија, присуството на коронавирус е потврдено кај околу 134 илјади луѓе, а речиси 2.000 починале.