Директорот на Организацискиот одбор на Олимписките игри во Токио, Харуки Такаши изјави дека постои можност повторно игрите да бидат одложени.

Поради пандемијата од Коронавирусот тие се одложени за следната година. Од тој момент се шпекулира дека тие може да бидат повторно одложени или откажани во случај да не се најде вакцина за КОВИД-19.

„ Правиме се како би Игрите би се одржале следното лето. Неопходно е да избегнеме откажување, бидејќи тоа ќе биде голем шок за економијата во Јапонија. Сепак, мораме да соработуваме со Меѓународниот олимписки комитет како би договориле ново потенцијално одложување“- изјави Такаши.

Новото откажување на Игрите во Токио би довело до бројни проблеми, пред се за организацијата на Зимските олимписки игри кои се закажани за 2022.година во Пекинг.