Поради пандемијата од Коронавирусот Летните Олимписки игри во Токио годинава беа преместени за следната 2021 година.

Претседелот на Организацискиот комитет на овие игри во Токио, Јоширо Мори истакна дека тие нема да се одржат, ако ситуацијата во светот не се промени.

Тој на јапонската телевизија НХК изјави дека клучна детал ќе биде вакцината која мора да се пронајде за да се одржат Олимписките игри.

„Ако ситуацијата остане ваква не е возможно да се одржат. Мислам дека оваа ситација нема да трае повеќе од година дена, но за такво нешто треба да се изнајде лек или вакцина“- јасен е Мори.

Организаторите и МОК сакаат да ги поедностават Олимписките игри како би помогнале во намалувањето на трошоците за самата организација, ако се одржат. Се уште не е познати дали навивачите ќе можат да присуствуваат и дали спортистите ќе мораат да бидат во карантин пред почетокот на истите.