Членот на Организациониот комитет на летните Олимписки игри во Токио 2020, Харујуки Такахаси, најави дека веќе се дискутира за одложување на игрите, поради епидемијата на Коронавирусот.

Ние почнавме сериозно да го дискутираме одложувањето на ЛОИ. Не да ги откажиме туку имено да ги одложиме. Ако ги откажиме, МОК ќе има сериозни проблеми, особено поради ТВ-правата продадени во САД. Треба да сме подготвени за секое сценарио. Ако Олимписките игри не можеме да ги организираме ова лето, тогаш најдобро е да ги одложиме за 1-2 години“, изјави функционерот за The Wall Street Journal.