Организаторите на Олимписките игри во Токио денеска донесоа одлука која привлече големо внимание од светската јавност. Имено, шест лица беа исфрлени од Игрите, меѓу кои и двајца џудисти од Грузија кои освоија сребрени медали во своите категории.

Тоа се Важа Маргвелашвили и Лаша Шавдатуашвили, кои, според странските медиуми, по нивните настапи отишле на турнеја низ Токио и ги прекршиле правилата против коронавирусот. Амбасадата на Грузија во Јапонија испрати извинување до организаторите на Игрите по инцидентот и сe што направија нивните претставници.

Останатите четворица се акредитирани изведувачи од Британија и САД уапсени за наводна употреба на кокаин пред почетокот на Олимписките игри.

Инаку, организаторите на најголемиот спортски фестивал досега одземаа осум акредитации, а беа издадени десет строги предупредувања, што за „АП“ го потврди Тоширо Муто, извршниот директор на Игрите.