Претседателката на Организацискиот комитет на Олимписките игри во Токио, Сеико Хашимото денеска потврди  дека Игрите ќе започнат за нешто повеќе од три месеци и дека тие нема да бидат откажани и покрај големиот број случаи на Ковид-19  во Јапонија.

 

„Ние сме загрижениза ситуацијата , но како Организациски комитет на Олимписките игри, ние не размислуваме за откажување“, рече Хашимото на прес-конференција.

Прашањето за откажување на Игрите беше повторно покренато вчера откако еден од функционерите на владејачката партија во Јапонија изјави дека откажувањето е една од опциите.

Хашимото изјави дека ја разбира загриженоста на Тошихира Никаи и додаде дека јапонската јавност веројатно ја дели истата.

Анкетите покажуваат дека дури 80 проценти од Јапонците се противат на одржување на Олимписките игри за време на пандемија.