Организаторот на одложените Летнио Олимписки Игри во Токио сеуште не може да излезе со конкретна бројка во однос на финансиските загуби кој ќе ги претрпи поради одложувањето на настанот за следната календарска година.

Според првичните прогнози станува збор за загуба од неверојатни 2.5 милијарди евра кои нема да може да бидат надополнети.

Потврдено е дека ЛОИ во Токио ќе се одржат од 23 јли до 8 август.

Коронавирусот кој го зафати и „замрзна“ светот ќе остави траен белег по спортот и финансиката моќ на клубовите и федерациите.