Јапонија, односно Токио е домаќин на Олимписките игри во 2020 година, осум месеци пред почетокот на натпреварите, Националниот стадион е комплетно подготвен за церемонијата на отворањето.

Националниот стадион во Токио е комплетно завршен, има капацитет од 60.000 седишта, овде ќе биде отворањето, затворањето на игрите но и неколку фудбалски натпревари.

Изградбата на стадионот чинеше една милијарда и 400 милиони долари, сместен е на истото место каде се одржаа Олимписките игри во 1964 година.

На стадионот ќе има 185 вентилатори и 8 распрскувачи на вода, се очекуваат високи температури во Токио следното лето и домаќините најдоа начин како да ги подобрат условите за спортистите.