Поворката со факели за Параолимписките игри во Токио започна во Јапонија, со ограничувања поради пандемијата на коронавирус.

Наместо традиционалната штафета, следните две недели ќе се одржуваат церемонии во различни градови.

Параолимписките игри ќе започнат на 24 август.

Како и Олимпијадата, и параолимпијадата  најверојатно ќе се одржи без присуство на публика.

Токио се уште е вонредна состојба, а официјалната одлука дали ќе има публика ќе биде донесена следната недела.