Иранскиот олимпиец Ехсан Хадади е позитивен на коронавирус, пренесе Светската атлетска федерација.

Шампионот на Азија во фрлање диск кој стана херој на Иран кога го освои среброто на Олимписките игри во Лондон 2012 година, има своја атлетска база во САД во која тренира, а кога се заразил со вирусот бил дома во Техеран.

„Добивме известување дека иранскиот фрлач на диск е заразен со коронавирус. Му посакуваме брзо заздравување.“– се наведува во Твитер објавата на Светската атлетска федерација.


Лекарите кои се грижат за неговото здравје изјавиле дека Хадади засега се чувствува добро. Шесткратниот освојувач на шампионатот на Азија и нејзин рекордер беше меѓу фаворитите за освојување на олимпиското злато на Игрите во Токио, пред да биде соопштено дека тие ќе се одложат за 2021 година.