Промена на името, нови потпретседатели и членови на Управниот Одбор, избрани на денешното редовно годишно собрание на Олимпискиот комитет.

На собранието е усвоена промената на името и новиот назив гласи „Олимписки комитет на Северна Македонија“.

Воедно денеска беше усвоено барањето на олимписките федерации за промена на статутот во челенот десет. Сите олимписки федераци ќе имаат по еден претставник во собранието со право на глас.

Новото собрание ќе брои 51 член, 29 од олимписките федереции, 19 од други федерации и заслужни спортисти и спортски работници како и претседателот (Васил Тупурковски) и двајцата потпретседатели (Примислав Димовски и Перо Антиќ).