Меѓународната антидопинг агенција (ВАДА), ja предупреди руската антидопинг агенција  дека податоците за руските спортисти од последните неколку години не се потполни , па затоа на Русија може да и биде забрането учество на Олимпијадата во Токио следната годинa.

ВАДА отвори жалбена постапка за РУСАДА , така што би можела повторно да ја прогласи за некомпетентна за спроведување антидопинг тестови , со што дополнително го зголемува притисокот кон Меѓународниот олимписки комитет да не им дозволи на руските спортисти да учествуваат на Олимпијадата 2020.

Поради сомнитевања за  организирана употреба на допинг, Русија ќе го пропушти второто по ред Светско првенство во атлетика кое започнува во петок во Доха, а на руските спортисти им беше забрането да се појавуваат под нивното знаме на минатогодишните Зимски олимписки игри во Пјонгјанг.