Штафетата на САД постави нов светски рекорд во штафетата на 4×400 метри мешано, предводени од неверојатниот Кајлеб Дресел кој освои пет златни медали на ЛОИ во Токио.

Американската штафета беше составена од Мајкл Ендрју, Кејлеб Дресел, Зек Ејлп и Рајан Марфи а делницата ја исплива со време од 3:26:78 минути, што е за 50 стотинки подобро време од светскиот рекорд од 2008 година, на САД и генерацијата предводена од Мајкл Фелпс.

Дресел воедно стана и најуспешниот пливач во Токио со пет златни медали.

Кај дамите, на штафетата на 4×400 метри победи Австралија. Ема Мекион стигна до седум медали на игрите. Четири златни и три бронзени за да биде и втората во историјата на олимпијадите со седум одличја по Марија Гороховскаја од 1952 година.