Кошаркарите на Соединетите Американски Држави убедливо ја совладаа Чешка со 119: 84. Со овој триумф тие обезбедија пласман во четвртфиналето на Олимписките игри.

Чешка му пружи добар отпор на фаворизираниот ривал во првите 20 минути, кога заостана четири поени – 47:43.

Сепак, избраниците на Грег Поповиќ одиграа неверојатно второ полувреме. Тие постигнаа дури 72 поени и тотално го скршија ривалот.

Ова е втора победа на Американците и сега имаат резултат 2-1, додека резултатот на Чешка е 1-2.

Најефикасен кај победниците беше Џејсон Тејтум со 27 поени, а го следеше Кевин Дурент со 23. Од другата страна, најдобар беше Блејк Шилд, кој натпреварот го заврши со 17 поени, Ендру Балвин додаде 15.

Америка со тоа ја заврши групната фаза на второто место зад Франција, а Чешка е на третото место.