Против кандидатката на Даниел Димевски за претседателската функција во МОК, Александра Војнеска Зикова го напушти изборното Собрание кое вечерва се одржува во „Александар Палас.“

Претседателот на БФМ, Примислав Димовски обвини на нерегуларности во работењето на актуелното раководство и непосредно по ова Војнеска заедно со своите приврзаници одлучи да ја напушти салата.

Во продолжение извесно е дека Димевски ќе биде изгласан за нов претседател, но јасно е дека реакции ќе има и ова нема вака да заврши.

Димевски по заминувањето на Војнеска ијави дека му е жал што на последната точка кога ќе ја презентира програмата неговиот против кандидат нема да биде присутен.