Интернационалниот олимписки комитет потврди дека по анкететата која ја спровеле меѓу 3000 спортисти, одлучите кампањата „Black Lives Matter“ да не биде имплементирана за време на игрите.

Објаснувањето е дека самата кампања се коси со начелата на Олимпизмот, кој забранува секакви движења и демонстрации кои соржат религиски, политички или нацистички теми и пропаганден материјал.

Ова значи дека спортистите нема да клекнуваат пред секој натпревар, настап без разлика во која категорија се.

„Black Lives Matter“ веќе стана проблем во дел од најсилните фудбалски лиги во Европа а најголема поддршка доби во САД и во Англија.