Српските ватерполисти ја демолираа Црна Гора во последното коло од групата Б со огромни 14: 5 и како трета репрезентација на групата во четвртфиналето ќе играат против актуелниот светски првак Италија.

Црна Гора ќе биде четврта што ги смести на дуел со Грците. Да потсетиме, првото место во групата го освоија Шпанците, а второто Хрватска. Фуријата оди кај Американците, а Хрватска кај Унгарците.

Српските медиуми пишуваат дека Црногорците пресметале дека ќе ги избегнат Италијанците и дека таков висок пораз е последица на слабиот ангажман на црногорските играчи.

„Секој натпревар на овој турнир е важен, секој откри некои работи, а овој покажа дека сме на добар пат во однос на пристапот и одбраната“, рече српскиот капитен Филип Филиповиќ, а потоа се осврна на приказните за пресметките на Црна Гора.

„Не сакавме ништо да препуштиме на случајноста, од самиот почеток. Овој резултат е во втор план бидејќи беше јасно дека Црна Гора не сака да се бори до крај, како што тоа обично го прават кога играат против нас. Но, тоа е нивна работа “.