Со свечена церемонија, официјално отворени Европските игри во Минск, на кои нашата земја ќе ја претставуваат 12 учесници.

Делегацијата која ја предводи знаменосецот Гоце Јанески, своите настапи ги започнува веќе утре, кога Јанески и Етеми ќе ги почнат борбите од второто коло, бидејќи во првото двајцата се слободни.Во категоријата 60 кг Јасин Љама за противник го доби  Тадеј Цернога од  Словенија.  Гоце Јанески во категоријата 69 кг –за противник го има  Киран Молој  од Ирска  во второто коло во кое, во категоријата 75 кг, Арсим Етеми ќе се сретне со Макс Ван Дер Пас од Холандија.

Како помина свечената церемонија, можете да погледнете во видеото: