Светската здравствена организација верува дека Олимписките игри ќе се одржат ова лето во Токио, но одлуката за форматот може да се донесе непосредно пред почетокот поради непредвидливите ризици кои ги намеѕнува пандемијата со коронавирус.

Директорот на СЗО за вонредни ситуации Мајк Рајан изрази надеж дека Олимпијадата ќе се одржи напоменувајќи дека е охрабрувачки што процентот на позитивни случаи во Јапонија се стабилизира.

„Некои одлуки како бројот на гледачи може да се днесат само непосредно пред отворањето на Игрите врз основа на бројот на нови случаи од Ковид-19, а познато е дека Јапонија веќе соопшти дека на гледачите од странство ќе им биде забрането присуство и дека целата манифестација би можела да се одржи без публика.“- додаде Рајан.

Јапонија ја продолжи вонредната состојба во Токио до крајот на мај за да го запре наглото зголемување на новозаболени од коронавирус.