Претседателот на организацискиот комитет на Олимписките игри во Токио, Јоширо Мори предупреди, доколку коронавирусот не биде ставен под контрола тие нема да се одржат во 2021 година.

Мори за медиумите во Јпонија изјави дека е невозможно ЛОИ во Токио да се одржат во 2021 година доколку нема решение за Ковид-19.

„Нема да има олимписки игри во Токио доколку нема решение за Ковид-19, вложивме многу средства во организацијата, над 10 милијарди евра, ново одложување нема да има никаква смисла, нема решение за коронавирусот, нема да има игри“ – изјави Мори.

Олимписките игри само три пати се одложувани досега во историјата на спортот, 1916, 1940 и 1044 година поради светските војни.