Тренерот на македонскиот сребрен олимпиец Дејан Георгивевски, Дарко Костовски, на социјалните мрежи соопшти дека тој и неговиот брат како тренери се откажуваат од 10-те илјади евра, кои државата им ги додели за големи успех во Токио.

„Мојот брат д-р Борче Костовски и јас како тренери на олимпискиот сребрен медалист Дејан Георгиевски, апсолутно се откажуваме од премијата што е доделена за нас, секако таа целосно треба да биде насочена кон олимпискиот вицешампион, новата македонска гордост!“– напиша Костовски на Фејсбук.

Тој завршува дека за нив како тренери во овие моменти доволен олимпискиот сребрен медал, како што пишува Костовски со златен отсјас.