Откако контроверзност предизвикаа т.н кревети се спиење кои треба да ги спреча спортистите од секс, се појави уште еден сканал во Олимпиското село во Токио. Ватерполисти под истрага за консумирање алкохол во Олимпиското село Токио.

Олимпискиот организациски комитет официјално истражува случај на пиење алкохол од спортисти во Олимпиското село.

На 31 јули, имаше случај со пиење алкохол од ватерполисти во Олимпиското село. Истрага е спроведена по ова прашање.“ – соопшти генералниот директор на организацискиот комитет Тоширо Муто.

Во кој тим е забележан овој случај не е наведено. Претходно, Организацискиот одбор на Олимпијадата ја укина акредитацијата на две грузиски џудисти, кои доброволно ја напуштија територијата на Олимпиското село за да ги посетат знаменитостите на главниот град на Јапонија.