Македонската таеквондо репрезентација со повик на плоштадот Македонија да биде пречекан олимпискиот вицешампион Дејан Георгиевски.

„Утре (четврток) 29.07.2021 со почеток во 19:30 часот на плоштад веднаш до триумфалната порта Македонија да го пречекаме нашиот јунак, нашиот херој, нашиот олимписки сребрен медалист Дејан Георгиевски“– се вели во објавата на Фејсбук на МТФ.

„Ве очекуваме во што поголем број, плоштадот да ни биде тесен, да покажеме што значи ова момче за Македонија, да покажеме што значи Македонија“- дополнуваат од Федерацијата.

Сите оние кои што сакаат да не пречекаат и на аеродром, можат да дојдат во 14:30 часот на скопскиот аеродром.