Франција против дрим тимот на САД, тоа е финалето на кошаркарскиот турнир на ЛОИ во Токио, ова откако „триколорите” запишаа драматична победа  против Словенија со 90-89.

Херој кај Франција е Никола Батум, тој тој го блокираше Препелиќ и го згасна сонот на Словенија за финале во Токио.

 

Лука Дончиќ  повторно блескаше, запиша трипл-дабл,  16 поени, 18 асистенции и 10 скока но на крајот не се радуваше. Де Коло кај победниката екипа најефикасен со  25 поени, Фурние заврши со 23 поени.