Сифан Хасан, Етиопјанка која се натпреварува под знамето на Холандија, успеа на Олимписките игри во Токио нешто што не се памети во атлетиката, барем не во поновата историја.

Не е тајна дека Хасан се стреми кон златото во Токио, во трките на 1.500, 5.000 и 10.000 метри, што ќе влезе во историјата, но за време на последната четвртфинална трка немаше среќа.

Таа имаше водство  во трката на 1.500 метри, и беше блиску до финалето, меѓутоа поради гужвата пред неа Хасан имаше несреќа и падна.

Сепак, тогаш таа покажа каков професионалец е. Таа брзо скокна на нозе, го зголеми темпото, почна да ги престигнува натпреварувачите еден по еден и на крајот победи и избори пласман во полуфиналето. Таа стигна до целта со време од 4:05,17 минути.