Македонската репрезентација на Летните олимписки игри во Токио, го мина воведниот марш на свеченото отворање.

Македонија на овие игри ја претставуваат осум натпреварувачи во седум спортови.

Ова е распоредот за настап на нашите репрезентативци во Токио.

1. Борјан Бранковски – 10 метри воздушен пиштол квалификации (24.07.2021 – 06:00)

2. Филип Деркоски – 400 метри слободно квалификации (24.07.2021 – 12:48)

3. Арбреша Реџепи – Џудо -52кг. (25.07.2021 – 04:00)

4. Дејан Георгиевски – Таеквондо 80кг. (27.07.2021 – 03:15)

5. Миа Блажевска Еминова – 100 метри слободно квалификации (28.07.2021 – 14:00)

6. Јован Стојоски – Атлетика 400 метри (01.08.2021 – 03:45)

7. Пулексенија Јованоска – Карате ката (05.08.2021 – 03:00)

8. Магомедгаџи Нуров – Борење 97кг. (06.08.2021)