Интернационалниот олимписки комитет (ИОК), денес донесе одлука заедничката кандидатура на Милано и Кортина Д’Ампецо да биде и прифатена и да бидат домаќини на Зимските олимписки игри во 2026 година.

Кандидатурата на Милано и Кортина Д’Ампецо е поддржана од страна на регионалните влади на Ломбардија и Венето.

Челните луѓе на Олимпискиот комитет на Италија наведоа дека Милано и Коритна се градови во двата најбогати региони и дека можат да издвојат финансии без при тоа да добијат помош од владата на Италија.

Милано и Кортина Д’Ампецо за организацијата на ЗОИ во 2026 година го победија шведскиот град Стокхолм.