Најмладата македонска олимпијка на Олимписките игри во Токио, Миа Блажевска Еминова, оствари победа денеска во квалификациите во својата група во дисциплината 100 метри слободно.

Таа триумфираше во втората квалификациска група со резултат 57,19 секунди, што е 6 стотинки минус од нејзиниот најдобар личен резултат.

Второпласирана во групата беше Џилијан Крус од Кајманските Острови која заостана 0,13 стотинки, а на третата позиција се Ард Јенџира Сриса од Тајланд.

Нашата 15-годишна натпреварувачка го заврши настапот на 48 место од вкупно 52 пријавени во оваа дисциплина.

Најдобрите 16 пливачки од вкупно седум квалификациски групи се пласираа во полуфиналето.