Норвежанецот Карстен Вархолм со резултат на нов светски рекорд освои злато на олимпискиот атлетски турнир во Токио, на 400 метри со пречки истрча спектакуларно и го подобри рекордот за цели 76 стотинки!

Вархолм е првиот човек кој успеа да ја истрча за помалку од 46 секунди, светски рекорд сега изнесува 45.94 секунди, што е подобрување за 76 стотинки од претходниот кој исто така беше во негова сопственост од Осло оваа година.

Трката погледнете ја овде: