На точно една година пред стартот на Олимписките игри во Токио промовирани се медалите кои ќе бидат доделувани на натпреварувачите кои ќе бидат најдобри во своите дисциплини.

Направени се од рециклирани материјали од електронски апарати.За да бидат направени медалите беа извадени 32 килограми злато од 6,2 милиони телефони.

90 проценти од Јапонците активно учествувале во рециклирањето. Собрани биле и 3,5 тони сребро и 2,2 тони бронза од кои ќе бидат направени 5.000 олимписки како и параолимписките медали.