Познатата германска џудистка Мартина Трајдос застана во одбрана на својот тренер, кој се најде на мета на критики во јавноста затоа што и удри шамари пред почетокот на натпревар во Токио.

Социјалните мрежи ги преплави видео на кое тренерот Клаудио Пуса ја фаќа Германката за реверот и ја тресе, за потоа да и удри шамари. Мартина после тоа излезе на борилиштето каде загуби од Софи Озбас.

Во јавноста малку се зборуваше за поразот на Германката, но сите говореа за однесувањето на тренерот. Набрзо се огласи и 32 годишната Трајдос.

„Би сакала насловите за мене да ги пишуваа од другоа причини“- порача таа.

И повика да нема никој грижа околу снимката.

„Не се грижете. Ова е ритуал, кој го практикувам пред борба. Мојот тренер го бара она што јас го барав од него, како би ме разгорил.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Martyna Trajdos (@martyna_trajdos)