На денешното отворање на Олимписките игри претставена беше и репрезентацијата на Тонга, а знамето го носеше Пита Тауфатофуа.

Овој спортист се натпреварува во таекводно. Тауфатофуа со масло на телото и полугол излезе и на ЛОИ 2016-та во Рио, како и на Зимските игри во Пјонгчанг. Тогаш предизвика големо внимание.

Тој сега ќе се натпреварува во таеквондо, додека пред три години во Пјонгчанг настапува во трчање на скии. Освен што е врвен спортист, Пита е и голем хуманитарец, кој во слободно време им помага на бездомниците, посебно на децата кои останале без дом и ги подготвува за самостоен живот.