Ален Хаџиќ, мечувалец кој се натпреварува за САД на Олимписките игри во Токио нема да може со останатите спортисти да престојува во Олимпиското село поради сериозни обвинувања,

Имено, тој е осомничен дека во периодот меѓу 2013 и 2015 година сексуално вознемирувал жени. Пријавите против него се поднесени откако тој изборил норма за ЛОИ.

На Хаџиќ му е дозволено на настапува во Токио, но од американската мечувалска екипа одлучиле тој сам да патува во Јапонија, сам да тренира и да биде сместен во хотел кој е 30 минути далеку од олимпискиот хотел.

Неговиот адвокат тврди дека Хаџиќ нема направено никакво дело, но навел дека клиентот кој го застапува бил суспендиран на универзитетот во Колумбија за време на студиската 2013/2014 година.

Мечувалскиот сојуз го суспендирал и исфрлил од списокот патници за ЛОИ, но неговата жалба била прифатена на суд. Сојузот одлучил да не дозволи да биде директно со останатиот дел од екипата.

Родителите на Хаџиќ се по потекло од Босна и Херцеговина, но тој е роден во САД.